Поврзете се со нас

Олимписки игри

Шпански репрезентативец за сликата на денот од ОИ: Ова беше кошаркарски дуел на две мумии!

Објавено

на

Во реприза на големото финале од Светското првенство, Шпанија ја победи Аргентина со 81:71 на Олимписките игри и ги стави „гаучосите“ во незавидна ситуација, но без оглед на конечниот епилог, овој натпревар од Токио ќе остане запаметен по сликата која разбуди многу страсти и има значење на кошаркарска историја.

Пау Гасол и Луис Скола како 41-годишни ветерани беа на паркетот и имаа уште една пресметка еден против друг на залезот на кариерите, па со оглед на тоа што двете кошаркарски легенди се најдоа во прв план со сликата на денот, вреди да се издвои и изјавата која ја даде Вили Ернангомез.

– Пред натпреварот зборував со мојот брат и се пошегував за оваа пресметка. Не сакам да навредам никого и не сакам да бидам сфатен погрешно, но му реков дека ова е натпревар на две мумии.

– Пау и Скола се кошаркарски легенди, нема зборови со кои може да се опише што тие значат за шпанската и аргентинската кошарка. За мене лично, Луис Скола е пример за сите, а Пау е мој постар брат. Неверојатно е да се гледа каква страст и посветеност имаат на оваа возраст, – изјави Вили.

Статистички гледано, Скола мина 29 минути на паркетот и за тоа време уфрли 13 поени, додек Гасол за 17 минути постигна 9 поени и имаше 8 скокови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни