Поврзете се со нас

Англија

Шпански репрезентативец среќен што не заврши во Челси: Господ тоа не го сакаше…

Објавено

на

foto:x.com/samuaghehowa

Челси е клуб кој направи голем број на трансфери откако клубот беше преземен од новата структура, наследниците на Роман Абрамович кој го однесе премиерлигашот да биде на ниво на најдобрите тимови на светот.

„Сините“ имаат огромен број на играчи кои имаат договор со нив, ама прашање е дали воопшто некогаш ќе добијат шанса да заиграат за првата екипа. Во таа група не е талентираниот Саму Омородион, играч кој летово требаше да заврши на „Стемфорд Бриџ“, поточно се се распадна во последен момент и напаѓачот наместо во Англија замина во Португалија каде „грми“ во дресот на Порто каде на седум меча има седум погодоци.

Со ова дефинитивно расте цената на младиот шпански репрезентативец кој откажаниот трансфер во Челси го препишува на Бог.

-Поминав низ многу тежок период, затоа што, на крајот на краиштата, сите знаат дека требаше да потпишам [за Челси], но вистината е дека тоа не се случи. Тоа беше поради една причина: Бог не го сакаше тоа. Многу сум среќен, многу задоволен што сум таму (Порто).

-Вистината е дека работите ми одат многу добро и, пред сè, сакам да продолжам да покажувам за што сум способен, вели Саму кој има 20 години и ако продолжи вака пред него е одлична кариера.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни