Поврзете се со нас

Шпанија

Шпански репрезентативец поласкан од интересот од Реал: Работите брзо се менуваат во фудбалот

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Реал Мадрид мора да разгледува опции за десната бековска позиција по тешката повреда на Дани Карвахал, но клубот од шпанската престолнина од претходно има неколку имиња на својата листа, од едноставна причина што капитенот влегува во последната фаза од својата кариера.

Спротивно од очекувањата, Реал е ставен во положба да размислува за трансфер уште во јануари, а едно од имињата кои се споменуваат уште од изминатово лето е Педро Поро, десниот бек на Тотенхем кој инаку е и шпански репрезентативец.

Поро доби повик за ноемвриските квалификации во Лигата на нации и сега е дел од репрезентативниот камп на „фуријата“, па оттаму испрати порака со која не крие дека му годи интересот од Реал Мадрид.

– Јас сум фокусиран на мојата работа, имам 25 години, а не знам каде ќе играм на 26. Таков е животот на еден фудбалер, работите брзо се менуваат во фудбалот. Сега сум адаптиран на англискиот фудбал, успеав да се прилагодам и имам важечки договор до 2028-ма година.

– Моето име и имињата на други фудбалери се поврзуваат со Реал Мадрид, но во моментов сум фокусиран само на мојата работа. Моите пријатели ми ги праќаат шпекулациите и јас на сето тоа гледам како комплимент. Ми годи интересот, но останувам фокусиран на мојата работа. Тоа што сум следен од еден од најголемите клубови во светот, значи дека добро си ја вршам работата, – вели Поро.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни