Поврзете се со нас

Шпанија

Шпански репрезентативец: Анчелоти беше лут што си заминав од Реал

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид направи одредени промени во тимот за оваа сезона, некои играчи пристигнаа, некои си заминаа од кои најважното име дефинитивно е Тони Крос.

Меѓутоа меѓу оние играчи кои Реал ги загуби беше и напаѓачот Хоселу Мато кој имаше невистини значаен учинок во претходната кампања со дури 18 постигнати голови. „Кралевите“ го откупија договорот од Еспањол, но потоа му дозволија на Хоселу да замине во Катар во редовите на Ал Гарафа, финансиска понуда која напаѓачот не сакаше да ја одбие иако со срцето беше на „Бернабеу“.

-Збогувањето со Реал Мадрид беше еден од најтешките моменти во мојот живот. Не можев да ја донесам таа одлука со моето срце затоа што ќе останeв во клубот цел живот, се ежам кога размислувам за тоа. Размислував за моето семејство, за моите деца и мислам дека тоа е позитивно на долг рок, но во тоа време беше негативно.

-Кога решив да заминам, не можев да разговарам со жена ми. Лукас Васкез ми се јави и не можев да разговарам со него, како и со Модриќ. Не можев да најдам зборови. Беше тешко да му се соопшти на Анчелоти, бидејќи тој беше лут затоа што сакаше да останам. Ќе останев да играм пет минути. Во моите први два месеци во Катар, мојата глава сè уште беше во Реал Мадрид. Се сеќавам дека кога изедначија на првиот натпревар (1-1 против Мајорка) и јас бев актуелен на Твитер. Луѓето се сеќаваа на мене, -истакна Хоселу.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни