Поврзете се со нас

Шпанија

Шпански прволигаш со јасен став: Не сакаме враќање на терените

Објавено

на

Шпанската Ла Лига почна да прави планови за враќање на тренинзите и рестартирање на првенството кое беше прекинато поради коронавирусот, но додека се прават најпозитивни сценарија за враќање на елитниот фудбал на Пиринеите, се јави првиот клуб кој се противи да започне со редовната процедура.

Првиот тим на Еибар се сомнева во позитивно извршување на задачите и верува дека ќе биде многу тешко да се одржат примарните мерки за одржување дистанца на тренинзите, па поради тоа изразија дека владее стравн меѓу играчите кои планирано е да се вратат и на терените.

– Фудбалот е наша страст и сакаме да се вратиме онаму кадешто припаѓаме, сакаме луѓето да уживаат со нас. Без фудбал се чувствуваме празни, исто како што се празни нашите трибини. Претставуваме грб кој го сакаат илјадници фанови и ништо не е исто без нив.

– Спектаклот ја губи својата тежина без фановите. Ние сме привилегирани луѓе, уживаме во тренинзите и во натпреварите. Но, ние сме луѓе пред фудбалери и затоа не загрижува здравствената состојба.

– Имаме страв да започнеме со активност во ситуација кога не можеме да одговориме на најважната препорака, а тоа е социјалната дистанца. Се плашиме дека сакајќи да го правиме она што најмногу го сакаме, може да се заразиме, да ги инфицираме нашите најблиски и да придонесеме за старт на нова епидемија, – гласи соопштението на играчите на Еибар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни