Поврзете се со нас

Шпанија

Шпански прволигаш го отпушти тренерот, најавен и наследникот

Објавено

на

Фото: https://x.com/SevillaFC

Послабата резултатска серија и желбата за експресно будење на тимот во завршницата на сезоната ги натерало членовите на раководството на Севилја да донесат одлука за итна тренерска смена.

По поразот од Валенсија, Севилја донела одлука да го отпушти досегашниот тренер Хавиер Гарсија Пимиента, а одлуката официјално ќе биде потврдена денеска.

Андалузискиот клуб нанижа четири порази по ред во Ла Лига, а последниот ја одведе Валенсија и на подобра позиција со еден бод повеќе на табелата.

Менаџментот на Севилја веќе има и фаворит за наследник на Пимиента, а тоа е искусниот Хоакин Капарос, кој и претходно му помагал на клубот во слични ситуации и секогаш вадел максимум од екипата на Севилја.

Пимиента беше шести тренер на Севилја во последните две и пол години, а Капарос ќе има можност да дебитира на дуелот со Алавес следниот викенд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни