Поврзете се со нас

Шпанија

Шпански клуб испратил понуда до Сао Пауло, планира да го врати Хамес Родригез во Ла Лига

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/SEFutbol

Хамес Родригез беше голема ѕвезда на СП во 2014 година, по што си договори и трансфер во Реал Мадрид, но не остави посебен печат во редовите на „кралскиот клуб“.

Четири години откако ја напушти Шпанија, Колумбиецот е пред камбек во Ла Лига и тоа во екипа која сезонава не се прослави со резултатите.

Се работи за Селта Виго, клубот кој веќе го исконтактирал бразилски Сао Пауло за договор околу трансфер на Хамес на „Балаидос“ за следната сезона, a информацијата за конкретната понуда први ја објавија бразилските медиуми.

Сао Пауло би добил одредена отштета од Селта, но шпански „АС“ тврди дека Хамес нема да брза со одлуката, затоа што ќе настапува на претстојното издание на Копа Америка, по што може да привлече внимание и на некој поголем клуб.

Во европската фаза од кариерата, Хамес досега покрај за Реал, настапуваше и за Баерн, Евертон и Олимпијакос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни