Поврзете се со нас

Англија

Шпански фудбалер веќе зажалил што го одбил Ливерпул

Објавено

на

Foto:x.com/RealSociedadEN

Ливерпул не беше премногу активен во последниот преоден рок, а не му успеа и еден посакуван трансфер во кој беше инволвиран шпански фудбалер.

Премиерлигашот беше подготвен да одвои 60 милиони евра за Мартин Зубаменди, неговиот клуб Реал Сосиедад не правеше проблеми за трансферот, но на крајот самиот фудбалер проценил дека е подобро да остане во Сан Себастијан.

„Естадио Депортиво“ тврди дека Зубименди веќе жали за донесената одлука и неговите агенти го контактирале Ливерпул, со намера да побараат од англискиот клуб да испрати понуда и во следниот преоден рок.

Разочарувањето е поголемо и поради лошиот старт на Сосиедад кој е во долниот дел од табелата по првите неколку рунди, но Зубименди може и да не добие втора шанса за овој трансфер.

Менаџерот Арне Слот е презадоволен од Рајан Гравенберх и големи се шансите Ливерпул најмалку до лето да се откаже од идејата за трошење пари за оваа позиција во средниот ред.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни