Поврзете се со нас

Европски првенства

Шпански деликатес: Фабијан со еден генијален потег ги „измести“ Милер, Крос и Вирц (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Германија фрли се на една карта во самата завршница од четвртфиналето со Шпанија и со офанзивен фудбал стигна до израмнување, но во овие моменти од мечот, видовме и еден технички потег кој дефинитивно стана вирален на социјалните мрежи.

Фабијан Руиз игра неверојатен турнир во Германија и важи за еден од најдобрите во шпанскиот состав, а тоа го докажа и со својата претстава против домаќинот на турнирот.

Шпанците имаа повеќе нерви во продолженијата и преку Мерино обезбедија полуфинале, па поради тоа, техничкиот деликатес на Фабијан Руиз уште повеќе добива на важност на социјалните мрежи.

Играчите на Де ла Фуенте на моменти успеваа да ја сокријат топка во свој препознатлив стил, а Фабијан посебно воодушеви кога на средината на теренот измести дури тројца противнички фудбалери.

Фабијан со еден поте потег ги исфрли од игра Крос, Милер и Вирц, а акцијата ја заврши со непрецизен удар кон голот на Нојер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни