Поврзете се со нас

Италија

Шпански „Ас“ тврди дека Роналдо е во напредни преговори за трансфер

Објавено

на

Кристијано Роналдо досега нема навестено дека сака да замине од Јувентус, но истовремено постои неизвесност каков ќе биде концептот и на клубот по враќањето на Макс Алегри на тренерската позиција.

Шпански „Ас“ тврди дека Португалецот е веќе во напредни преговори со ПСЖ и прашање на време е кога ќе биде објавен овој трансфер.

Агентот Жорге Мендез е главен актер во целата приказна и назначен да ги договори сите детали за преселбата на Роналдо во редовите на францускиот тим, кој во последната сезона исто така не ја освои титулата во домашното првенство.

Изворот на „Ас“ тврди дека големата фудбалска ѕвезда има голема желба да настапува во уште едно различно првенство и во клуб кој ќе има големи амбиции и во Лигата на шампионите.

Позитивно за трансферот е што Јувентус нема да бара голема сума како отштета, па дури може да биде договорена и размена за фудбалер како Марио Икарди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни