Поврзете се со нас

Франција

Шпански „АС“ пренесува дека Нејмар конечно донел одлука околу својата иднина

Објавено

на

По многуте неизвесности околу иднината на бразилскиот фудбалер од редовите на ПСЖ, Нејмар, се чини дека на се ќе му се стави крај откако играчот донел и конечна одлука за својата иднина.

Имено, како што пренесува „АС“, Нејмар ќе ја прифати понудата на ПСЖ и ќе го продолжи догворот со францускиот шампион.

Бразиелцот во моментов има договор до 2022 година и доста време се шпекулираше дека тој би можел да замине од Париз и да се врати во Барселона или да направи трансфер во Реал Мадрид.

Сепак финансискиот крах кој и се заканува на Барселона е јасен показател дека клубот не може да тргне по услугите на Нејмар кој сега „си легнал на брашното“ и прифатил да ја продолжи верноста со „светците“.

Како што пишува „АС“ , Нејмар според новиот договор дури и ќе заработува нешто помала плата од таа што ја заработува во овој момент во францускиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни