Поврзете се со нас

Шпанија

Шпанската селекторка обвинета дека лажела уште на првата прес-конференција

Објавено

на

Foto:twitter.com/SEFutbolFem

Шпанија неодамна стана светски шампион во женска фудбалска конкуренција, но периодот потоа донесе многу потреси и повлекување на претседателот на федерацијата, кој пак претходно му врачи отказ на селекторот Хорхе Вилда.

Монце Томе е дамата која доби шанса да биде наследничка на Вилда, но се посрамоти уште на првата прес-конференција.

Томе зборувала за најавениот бојкот на репрезентативките и истакнала дека разговарала со сите и тие потврдиле дека ќе се појават по повикот за следните обврски.

Но, стигнаа деманти од самите членки на шпанската репрезентација, кои велат дека не добиле таков повик и воопшто немаат разговарано со Томе, ниту пак и потврдиле дека ќе ја прифатат поканата.

Репрезентативките кои победија на мундијалот решија да го бојкотираат националниот тим барајќи сериозни промени во односот на федерацијата кон женскиот фудбал, при што оставката на претседателот Луис Рубиалес не е доволен чекор за помирување.

Според последните информации, дел од репрезентативките кои штрајкуваат се појавиле на првиот собир, но само за да избегнат суспензија и продолжуваат со своите барања.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни