Шпанија
Шпанската полиција уапси фудбалер на Севилја: Намерно добивал жолти картони, му се заканува и затворска казна

Шпанското обвинителство покрена истрага против Кике Салас и денеска фудбалерот на Севилја бил приведен на распит во полиција, а пред да биде пуштен на слобода, дефанзивецот на андалузискиот клуб ќе мора да даде првична изјава пред надлежните органи.
Младиот 22-годишен одбранбен фудбалер се зацврсти во стартната постава на Севилја како лев бек, но сега може да има доста проблеми за задржување на таквиот статус, бидјеќи шпанските медиуми веднаш почнаа на големо да пишуваат за големиот скандал кој изби во јавнсота.
Обвинителството се сомнева дека Салас намерно добивал жолти картони како член на Севилја со цел да добие поголема сума на пари на нелегален начин, односно со прекршување на круцијалното правило во Ла Лига за забрането обложување на професионални натпревари.
Според информациите, станува збор за натпревари од минатата сезона, а кога ќе се погледне статистиката, Салас добил седум жолти картони на последните осум натпревари во Ла Лига од финишот на шампионатот.
Покрај Салас, под истрага се и две лица за кои се смета дека му помагале на фудбалерот во реализирање на крајната цел, се со цел да донесе огромна заработка меѓу пријатели кои се обложувале дека ќе биде опоменат од судијата.
Доколку се докаже дека е виновен, на Салас му се заканува спортска суспензија од најмалку една година, но дури и затворска казна од шест месеци до три години.
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони24 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија23 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони19 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони9 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија7 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Англија9 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег