Поврзете се со нас

Шпанија

Шпанската полиција изврши голема акција во фудбалската Федерација, Касилјас се јави со оригинален коментар (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/ikercasillas

Шпанската полиција денеска извршиле вонреден пртрес во фудбалската Федерација на оваа земја, сето тоа како последица на опширната истрага која се правела во позадина, а по која се утврдени низа нерегуларности во вршењето на дејноста на дел од вработените.

Како што јавуваат угледните шпански медиуми, седум лица биле приведени од седиштетото на Федерацијата и се испратени на распит во полициска станица, а дел од групата не бил Луис Рубиалес само поради тоа што во моментов бил во Домениканска Република.

Поранешниот прв човек на Федерарцијата е првоосомничен за вршење сомнителни операции и склучување на спорни зделки во последните пет години, но како што јавуваат медиумите, посебно се „пегла“ договорот кој е постигнат со Саудијците за одигрување на Суперкупот.

Шпанската Федерација го премести турнискиот систем на Суперкупот во Саудиска Арабија и има огромен профит од целата операција, но шпанската полиција утврдила низа нерегуларности и сега големи се шансите дека ќе има и затворски казни.

Оваа бомбастична вест брзо прерасна во топ тема во шпанската спортска јавност, а Икер Касилјас засега го даде најоригиналниот коментар.

– Уште повеќе гом.а во шпанскиот фудбал, – гласи објавата на легендарниот голман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни