Поврзете се со нас

Свет

Шпанската корнер бравура заврши со ремек-дело на Фермин (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Шпанската олимписка репрезентација ја оправда фаворитската улога и се пласираше во полуфиналето на фудбалскиот турнир во Париз, откако ова попладне без проблеми ја совлада Јапонија.

Младите играчи на „црвената фурија“ имаат голем број познати имиња во составот, а Фермин Лопез од Барселона денеска ја презема одговорноста и го одведе својот тим меѓу четирите најдобри.

Играчот за врска на Барса постигна два спектакуларни гола за предност од 2:0, со тоа што оној вториот беше вистинско ремек-дело бидејќи стануваше збор за изработена акција од корнер.

Фермин го испрати центаршутот на Гомез и потоа испрати „бомба“ во мрежата на Јапонците, по што стана јасно дека Шпанија е таа која патува во полуфиналето.

До крајот на мечот, во листата на стрелците се запиша и Руиз, со што само беше потрдено дека тимот преводен од селекторот Санти Дениа ќе игра против Мароко во следната фаза.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни