Шпанија
Шпанската Федерација ја откри комуникацијата меѓу судијата Сото Градо и ВАР за спорниот пенал на Атлетико (Видео)

Големото дерби меѓу Реал и Атлетико заврши без победник и со мирољубиви 1:1, но во целата тензија на теренот се вклучи и ВАР, бидејќи токму судиската корекција од подтрибинскиот простор направи гостите да добијат пенал по 35 минути игра.
Де Бургос Бенгочеа како одговорен во ВАР собата го повика Сесар Сото Градо да прегледа една спорна ситуација меѓу Чуамени и Лино, односно му приложи едно нагазнување од францускиот репрезентативец.
Шпанската Федерација веќе подолго време ги споделува сите аудио комуникации за спорните ситуации и тоа не е исклучок по големото дерби, па сега цела јавност дозна каква била комуникацијата меѓу ВАР и главниот судија за пеналот на Атлетико.
– Сесар, ти препорачувам да прегледаш можен пенал. Кога ќе бидеш пред мониторот, ќе зборуваме за тоа, – му вели Бенгочеа на Сото Градо, по што продолжува.
– Ова е акцијата, ја имам „замрзнато“, но не се гледа баш најдобро. Ќе ти покажам и друг агол кој остава многу појасна слика. Сега ќе ти прикажам агол кој покажува дека има нагазнување. Еве го тука………, – додава Бенгочеа, по што се јавува главниот судија на теренот.
– Го нагазнува со крампоните….. Ќе досудам пенал, но нема да покажам жолт картон. Пенал во корист на Атлетико Мадрид, – возвраќа Сото Градо, по што Бенгочеа ја завршува конверзацијата со зборот „перфектно“.
Видеото погледнете го ТУКА
-
Лига на нации19 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации21 час
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија15 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Лига на нации20 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Репрезентација10 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Свет18 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)