Поврзете се со нас

Шпанија

Шпанската Федерација ги објави аудио снимките од главниот судија и ВАР при трите одлуки во корист на Реал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Шпанската фудбалска Федерација и Ла Лига се договорија за судиска иновација на стартот на 2024-та година, според која покрај прикажаните ВАР снимки, до крајот на сезоната ќе бидат презентирани и аудио разговорите меѓу главниот судија и оние луѓе во ВАР собата.

Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Алмерија беше прва добра шанса за да се прикаже новитетот во шпанскиот фудбал, бидејќи на дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ трипати беше употребен ВАР поради контроверзни моменти.

Во сите три ситуации, конечната одлука беше во корист на Реал Мадрид, па играчите и стручниот штаб на Алмерија посочија дека се „ограбени“ во престолнината по поразот од 3:2.

Првиот спорен момент беше ситуацијата кога беше досуден пенал за Реал на резултат 0:2, вториот беше поништениот гол на Алмерија за 1:3, а третиот е контроверзниот гол на Винисиус за 2:2.

Шпанската Федерација преку одделни видеа ја прикажа комуникацијата меѓу Франсиско Ернандес Маесо и Ернандес Ернандес (главен во ВАР собата), по што сега и фановите знаат каква била интерпретацијата на двајцата арбитри.

Пеналот за кој се избори Хоселу:

Ернандес Ернандес: Фран, ќе ти покажам снимка за можен пенал поради играње со рака од дефанзивец на Алмерија. Ќе ти покажам даден момент за да го видиш контекстот на цела ситуација.

Ернандес Маесо: Перфектно….. Гледам удар со глава од играчот на Реал Мадрид и топката удира во рака која е одвоена од телото. Ќе досудам пенал без да покажам жолт картон.

Поништениот гол на Алмерија:

Ернандес Ернандес: Мора да видиш нешто Фран, ти препорачувам да видиш снимка од можен прекршок при акцијата за гол. Наврати се назад, наврати се назад, оди до моментот кога има контакт….

Ернандес Маесо: Ќе досудам прекршок за Реал Мадрид, ќе го поништам голот и ќе му покажам жолт картон на играчот со број 6 на Алмерија.

Голот на Винисиус:

Ернандес Ернандес: Одново ти препорачувам преглед за да видиш дека можеби немаше рака, можно е да немаше рака. Му удира топката во десното рамо, тука ја имаш снимката. Топката удира во рамо, твоја е одлуката дали има прекршок во напад од играчот на Реал.

Ернандес Маесо: За мене нема прекршок во напад…. Се согласувам со тебе, топката удира повеќе во рамото. Покажи ми уште еден агол…. Перфектно, му удира во рамото, ова е регуларен гол. Ќе покажам дека е гол, тука нема прекршок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни