Поврзете се со нас

Свет

Шпанска симфонија: Акцијата на младинците ги воодушеви фудбалските фанови (Видео)

Објавено

на

Шпанската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година вчера рутински ја совлада Северна Ирска (3:0), во натпревар од квалификациите за младинското ЕП, задржувајќи го перфектниот ефект во групата.

Она што посебно го привлече вниманието на фудбалските фанови е вториот гол на натпреварот, поточно акцијата по која Серхио Гомес го постигна својот втор гол уште во првото полувреме.

Шпанците тргнаа од својот шеснаесетник и со неколку прецизни и навремени додавања стигнаа до позиција да реализираат.

Начинот на кој ја изведоа акцијата им донесе многу комплименти на социјалните мрежи и е вистински фудбалски специјалитет за фановите на играта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни