Поврзете се со нас

АТП

Шпанска легенда ќе го игра последниот турнир во кариерата: Ќе се одјавам играјќи заедно со Ѓоковиќ (Видео)

Објавено

на

Фернандно Вердаско своевремено беше дел од елитниот тениски крем и знаеше да стигне до самата завршница на најголемите турнири, а најголем впечаток остави во 2009-та година кога одигра епско полуфинале со Рафаел Надал на Аустралијан Опен.

Таа година, Вердаско го имаше и најдобриот ранкинг во својата играчка кариера (7-ми на АТП листата), која иако доживеа надолен пад во последната деценија, сепак траеше далеку повеќе од што можеше да се очекува.

Иако не беше активен во последно време, легендарниот Шпанец се уште важеше за активен тенисер, но тоа ќе се промени веќе наредната седмица.

Вердаско официјално соопшти дека пред него е последниот турнир во професионалната кариера, а настапот во Доха ќе биде специјален бидејќи ќе игра дубл во друштво на Новак Ѓоковиќ.

– После толку многу неверојатни години, дојде време за мојот последен турнир, а тоа ќе биде во Доха. Зарем има подобар крај од тоа да играм во двојки со мојот добар пријател, Новак Ѓоковиќ, вистинска легенда на нашиот спорт.

– Ќе уживам во секој момент и ќе го дадам максимумот. Ви благодарам на сите за поддршката во добри и лоши моменти. Да ја направиме оваа недела незаборавна, – порача Вердаско.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни