Поврзете се со нас

Олимписки игри

Шпанија се навикна да освојува бронза на Олимписките игри, Словенија ќе чека нова шанса

Објавено

на

Foto:facebook.com/SloveniaOlympicTeam

Репрезентацијата на Словенија го одигра најдобриот ракометен олимписки турнир во својата историја, но за жал на крајот остана без медал од игрите во Париз.

Во малото финале кое се играше рано утрово во француската престолнина, Словенците одиграа нова драма на ракометниот турнир, но повторно останаа без доволно енергија умешност во финишот.

Шпанија и Словенија презентираа неверојатно израмнет меч во кој најчесто се играше гол за гол, но во такви услови секогаш за чекор понапред беа избраниците на Рибера.

На крајот, пресудно беше тоа што Шпанците дојдоа до плус два на една минута до крајот (23:21), па иако примија гол во финишот, тие беа оние кои ја освоија бронзата.

За Шпанија ова е петти бронзен медал на Олимписките игри, додека Словенија ќе почека нова шанса за прв медал на ракометните турнири.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни