Поврзете се со нас

Лига на нации

Шпанија обезбеди четвртфинале, Србија ја испрати Швајцарија во Лига Б (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FSSrbije

Групата Ц во сегментот А во Лигата на нации е убедливо најинтересна од самиот старт, пред се поради квалитетот на селекциите, но и поради неизвесноста која ја носат натпреварите, со исклучок на оние на кои игра Шпанија.

Европскиот шампион покажа дека е недопирлив и со четвртата победа во петтото коло го потврди пласманот во четвртфиналето во Лигата на нации, успех до кој дојде со денешната победа во Копенхаген.

„Фуријата“ славеше со 1:2 против Данска и го обезбеди првото место во групата, без оглед на тоа што денеска играше без осум стартери од Европското првенство.

Тимот на Де ла Фуенте е доволно силен и кога не е комплетен, а тоа го потврдија играчи како Ојарзабал, Перез, Баена, Зубименди, Поро и Вивијан кои денеска беа стартери во Копенхаген.

Шпанија поведе со 0:2 со головите на Ојразабал и Перез, а почесниот гол за Данска го постигна Исаксен.

На вториот меч во оваа група, Србија се враќа со голем бод освоен во Зириц, што всушност значи дека избраниците на Пикси си обезбедија директна борба со Данска за пласман во четвртфиналето.

Швајцарија поведе со голот на Амдуни по нереализираниот пенал на Митровиќ, но Србија не се предаде и после една контра израмни на 1:1. Херој беше Терзиќ, а овој гол значи исфрлање за Швајцарија во Лига Б, односно носи директен дуел за Србија против Данска за четвртфинале во Лигата на нации.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни