Поврзете се со нас

Шпанија

Шпанија му врачи отказ на Луис Енрике, медиумите веќе го знаат неговиот наследник (Фото)

Објавено

на

Луис Енрике порача дека сака да остане селектор на Шпанија по болната елиминација од Мароко на Светското првенство, но натпреварот против африканската селекција сепак ќе го памети по разочарување, но и по тоа што се претвора во последен за него како предводник на „црвената фурија“.

Шпанската фудбалска Федерација ова попладне излезе со официјално соопштение за иднината на Луис Енрике, па и покрај желбата на Лучо да остане, конечната одлука е да му се врачи отказ.

Водечките луѓе на шпанскиот фудбал веруваат дека е вистинско време за разделување на патиштата, но мора да се признае дека голема работа за ваков епилог завршија и медиумите од Пиринеите кои жестоко го критикуваа Луис Енрике во изминативе два дена.

– Фудбалската Федерација на Шпанија сака да му се заблагодари на Луис Енрике и на цел негов стручен штаб за апсолутната посветеност во последните неколку години. Претседателот Луис Рубиалес и спортскиот директор Хозе Франциско Молина им пренесоа на тренерите дека одлуката за разделба е донесена.

– Енергично им посакуваме се најдобро на Луис Енрике и неговиот тим во сите идни професионални проекти. Селекторот ја заработи нашата љубов и Федерацијата секогаш ќе биде негов дом, – гласи соопштението.

По ова соопштение, шпанските медиуми се едногласни со вестите кога е во прашање наследникот на Луис Енрике, кој всушност ќе биде Луис де ла Фуентес, досегашниот селектор на репрезентацијата до 21 година на Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни