Шпанија ќе го брани европското злато против Хрватска

Photo Credit © Uros Hocevar / kolektiffPhoto Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Шпанската репрезентација во недела ќе ја брани титулата европски шампион против Хрватска, а за таква можност се избори со заслужена победа над Словенија со резултат 34:32.

Натпреварот донесе целосна доминација на Шпанците кои во најголем дел од натпреварот водеа со најмалку три гола позитива, а Словенците се заканија во финишот кога стигнаа на еден гол негатива на почетокот на последната минута.

Сепак, судиите дозволија долг напад на Шпанија кој заврши со гол на Ентрериос, кој ги постави конечните 34:32 и го потврди пласманот на „фуријата“ во ново европско финале.

Душебаев, Ентрериос и Гомез со по 6 голови беа најефикасни кај победничката селекција, додека кај Словенија, Доленец реализираше 7 погодоци.

Словенците ќе се борат за третото место против Норвешка уште утре од 18:30 часот.

Facebook Коментари