Шпанија извлече продолжение, па го освои младинскиот мундијал во Алжир (Видео)

Spanija-svetskiprvaci

Шпанските ракометни јуниори станаа нови светски шампиони откако во финалето во Алжир денеска ја совладаа Данска со резултат 39:38.

За да биде решен победникот мораше да бидат одиграни дополнителни 10 минути, откако двете полувремиња завршија со резултат 18:16, но во корист на различна репрезентација. До победата сепак поблиску беше Данска која имаше пенал на истечени 60 минути, но одбраната на шпанскиот голман означи почеток на продолжение, а таму Шпанците беа поуспешни со 5:4.

Душебаев со 8 и Гомес со 7 гола биле најефикасни во редовите на новиот светски првак, додека кај Данска Мелер постигнал дури 11 погодоци.

Facebook Коментари