Поврзете се со нас

Европски првенства

Шпанија излегува со втор тим против Албанија, Далиќ направи четири промени за мечот „да се биде – или не“

Објавено

на

На еден час пред двата натпревари на Европското првенство, селекторите ги отворија картите за своите стартни постави, а од објавеното може да се заклучи дека има и одредени калкулации од шпанскиот селектор.

Луис Де Ла Фуенте најави дека Шпанија по секоја цена ќе оди на победа против Албанија и ќе игра за чест, но сепак селектор се реши да ги одмори речиси сите стартери.

Де Ла Фуенте направи дури десет промени во стартната постава и практично излегува на терен со втор тим против Албанија, бидејќи од дербито со Италија на теренот ќе биде само стоперот Лапорт.

Давид Раја, Навас, Вивијан, Грималдо, Мерино, Зубименди, Олмо, Феран, Хоселу и Ојарзабал сигурно немаше да бидат стартери доколку се работеше за меч кој одлучува за следната фаза, но дури и во ваква ситуација, овој тим на Шпанија изгледа и повеќе од коректно.

Во Албанија нема преголеми изненадувања и Силвињо излегува со Стракоша, Балиу, Џимшити, Ајети, Митај, Аслани, Рамадани, Лачи, Асани, Манај и Бајрами.

На другиот меч кој има далеку поголемо значење, селекторот Златко Далиќ направи четири промени во тимот на Хрватска, па така шанса во почетниот тим добиваат Станишиќ и Понграчиќ во одбраната, односно Пашалиќ и Сучиќ во нападот. Во стартниот тим се најде Брозовиќ, но на клупа беше префрлен Перишиќ.

Хрватска: Ливаковиќ, Станишиќ, Понграчиќ, Шутало, Гвардиол, Модриќ, Брозовиќ, Ковачиќ, Пашалиќ, Крамариќ и Сушиќ.

Промени направи и Спалети, па така Ретеги го заменува Скамака во нападот, односно Распадори игра на местото на Киеза.

Италија: Донарума, Ди Лоренцо, Бастони, Калафиори, Дармијан, Димарко, Барела, Жоржињо, Распадори, Пелегрини, Ретеги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни