Поврзете се со нас

Олимписки игри

Шпанија и Грција обезбедија олимписка виза за Париз

Објавено

на

foto:x.com/BaloncestoESP

Репрезентациите на Шпанија, Грција и Бразил успеаа да обезбедат виза за кошаркарскиот турнир на Летните Олимписки Игри кои ќе се одржат во Париз.

Шпанците не дозволија изненадување и пред своите гледачи во Валенсија ги добија Бахами со 86:78. Гостите предводени од Хилд, Ејтон и Гордон се бореа, се обидуваа да направат нешто против искусниот тим на „црвената фурија“, меѓутоа избраниците на Скариоло се поквалитетни, имаат многу вакви натпревари во своите нозе и дојдоа до посакуваниот триумф.

Браун со 18 и Ернангомез со 15 поени беа прв стрелци, Хилд пак со 19 кошеви беше прво име кај поразените.

Грција го потврди статусот на фаворит и во „финалето“ на турнирот во Атина ја суреди Хрватска со 80:69. Адетокумбо уфрли 23 поени, Папајанис 19, а Калатаес 14 кошеви со 11 асистенции.

Грција ќе бидат во иста група со Шпанија на ЛОИ, група во која се уште Канада и Австрија.

Бразил пак ја реши Летонија на нејзин терен со 94:69 и со тоа обезбеди место во Париз каде за ривали покрај домаќинот Франција ќе ги има Германија и Јапонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни