Поврзете се со нас

Шпанија

Шпанија го виде најлудиот гол: Му се прикраде на голманот од зад грб и режираше драма во 97. минута! (Видео)

Објавено

на

Репрезентативната пауза традиционално не носи пауза на случувањата во шпанската Сегунда, па така јавноста на Пиринеите воглавно се занимаваше со случувањата во Втората лига.

Во пресрет на денешниот натпревар со Норвешка, во фокусот се најдоа дуелите од Сегунда, а оној меѓу Спортинг Хихон и Сарагоса ќе се врти во јавноста уште извесно време.

Причина за тоа е неверојатната и нестварна завршница на мечот, на кој Сарагоса беше лидер во Ла Лига2 до 97-та минута, а потоа испушти се од свои раце поради грешката на голманот.

Пусан не внимаваше доволно и не сфати дека еден играч на Спортинг остана зад неговиот грб, па кога ја пушти топката пред себе, Пабло Инсуа му се прикраде и израмни на 2:2 во 97-та минута.

Ова предизвика вистинска ерупција на „Ел Молинон“, а голот брзо стана најкоментирана тема во Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни