Поврзете се со нас

Репрезентација

Шпанија е друга димензија: Ракометарките го претрпеа првиот пораз во квалификациите за ЕП

Објавено

на

Женската сениорска ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското првенство кое оваа година ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцаријa.

Нашиот национален состав беше надигран од Шпанија со 31:19 на средбата која вечерва се одигра во СЦ „Борис Трајковски“. Гостинките беа апсолутни фаворити и тоа го потврдија на теренот каде избраничките на Грчевски беа конкуретни само во некои минути, меѓутоа тоа не е доволно за добар резултат против селекција од ваков ранг.

Шпанија се избори за позитива од 17:11 во првото полувреме, а по паузата воспостави уште поголема контрола, ја зголеми разликата и го потврди третиот триумф во оваа група 5 во која се уште Азербејџан и Литванија.

Ристовска со 6 гола беше најдобар стрелец кај нас, Барбоса на другата страна беше лидер со 7 реализации.

Веќе за неколку дена (3 март) овие две селекции повторно ќе се соочат и тоа во Ланзароте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни