Поврзете се со нас

Шпанија

Шпанецот повторно во „акција“: Односот на Иско за време на тренингот на Зидан ги шокираше фановите на Реал (Видео)

Објавено

на

Иско Аларкон е далеку од нивото кога важеше за еден од најдобрите играчи во шпанскиот фудбал и воопшто во репрезентацијата на оваа земја, бидејќи оваа сезона е стандардна резерва во Реал Мадрид и може слободно да се каже дека не прави речиси ништо за да се промени тоа.

Податокот кој вели дека Иско само еднаш има одиграни цели 90 минути оваа сезона најдобро ни открива колку Зинедин Зидан верува во него во овој момент, но она што посебно ги фрустрира фановите на Реал е односот на фудбалерот кој никако не доликува за играч кој настапува за Реал.

Иско веќе го навлече гневот меѓу навивачите со катастофалното загревање на мечот со Хетафе, а сега се појави и видео од последниот тренинг пред утрешниот меч со Атлетик Билбао.

Реал Мадрид се бори за титулата во домашното првенство, па фановите на Реал се едногласни дека фудбалер со ваков однос и вакво залагање на тренингот никако не смее да игра за првиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни