Шпанија
Шпанците забележаа необична пенал-рутина на Ханси Флик: Ова не е новост, го практикувам уште од Баерн (Видео)

Барселона се намачи за да го победи разиграниот тим на Рајо Валјекано и како доволен се покажа само голот од пенал кој го постигна Роберт Левандовски, а прецизната реализација на Полјакот донесе и еден интересен момент.
Тимот од Каталонија не изведе многу пенали оваа сезона, па затоа на Шпанците им беше потребно малку повеќе време за да ја забележат необичната пенал-рутина на Ханси Флик.
Додека сите гледаа на голот на кој Левандовски изведуваше пенал, Ханси гледаше во голот кадешто беше Шчесни, па се сврте и се израдува дури кога ја слушна реакцијата од фановите.
Шпанските новинари за првпат го видоа Ханси во вакво издание, но тој ги увери дека оваа пракса ја негува уште од времето во Баерн.
– Секогаш гледам на другата страна кога изведуваме пенали. Тоа не е новост и го практикувам уште од Баерн. Најчесто ми помага и носи резултат, иако не баш секогаш, – изјави Флик.
Видеото погледнете го ТУКА
-
Формула 115 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија24 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија14 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија11 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија8 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства10 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 19 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)