Поврзете се со нас

Свет

Шпанците тестираат ново правило: Аут се изведува без контакт на топката со судијата (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид ја победи Барселона во шпанскиот Суперкуп, а натпреварот привлече внимание и поради тестирањето на едно ново кошаркарско правило.

Сезонава, Ендеса лигата ќе биде место каде ќе се тестира правилото според кое аутите во сопствената половина од теренот ќе можат да се изведуваат директно, односно без претходно судијата да мора да му ја додели топката на играчот.

Се очекува правилото да ја забрза играта и да ги направи натпреварите подинамични, а во Суперкупот имаше и неколку вакви акции во кои кошаркарите ја искористија шансата да реализираат контри.

Правилото важи 38 минути, односно нема да функционира во последните две минути од средбите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни