Поврзете се со нас

Шпанија

Шпанците шпекулираат: Левандовски може да го следи примерот на Суарез и Вилја

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Финансиската ситуација на Барселона и натаму е комплицирана, па шпанскиот клуб веројатно ќе мора да се откаже од барем една ѕвезда за да може да оствари дел од амбициите во следниот преоден рок.

Денеска, неколку шпански новинари преку социјалните медиуми ја проширија хипотезата дека Барса може да го продаде Роберт Левандовски и тоа во редовите на големиот ривал Атлетико Мадрид.

Полскиот репрезентативец игра во солидна форма и останува важен во актуелниот проект на Барса, но Атлетико внимателно ја следи ситуацијата и е подготвен да реагира ако Каталонците решат да го стават Лева на трансфер пазарот.

Атлетико ги има Мората и Депај, но со Левандовски би се зголемиле амбициите и тимот на Диего Симеоне би имал повеќе шанси со ривалите во Ла Лига.

Ако оваа шпекулација стане реалност, Левандовски ќе биде уште еден голгетер кој од Барса се преселил во Атлетико. Луис Суарез беше последен случај, а претходно тоа го направи и Давид Вилја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни