Поврзете се со нас

Свет

Шпанците решија да натурализираат кошаркар, репрезентативците против овој потег

Објавено

на

Шпанската кошаркарска репрезентација ќе биде посилна за Лоренцо Браун на претстојното Европско првенство, но одлуката за натурализирање на Американецот не доби многу симпатии меѓу актуелните репрезентативци.

Претседателот на федерацијата, Хорхе Гарбахоса се пофали со фактот што членот на Макаби ќе ја засили „фуријата“ и за такво нешто се откажал и од американскиот пасош, но капитенот Руди Фернандес јавно го критикуваше потегот.

– Веќе разговарав со претседателот и му потенцирав дека ова не е добра одлука.

– Од медиумите дознав дека Браун ќе добие пасош, а најмногу ме загрижува тоа што овој играч нема никаква допирна точка со Шпанија.

– Во минатото играв и со Никола Миротиќ и Серж Ибака, но тие настапуваа долго во Шпанија, дури и во младинските категории, па потоа добија шанса и во сениорскиот тим.

– Ако Браун игра со нас сигурно ќе му помогнеме да се адаптира, но имаме навистина многу шпански кошаркари кои чекаат долго да бидат повикани во националниот тим, – рекол играчот на Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни