Поврзете се со нас

Светски првенства

Шпанците поставија мундијалски анти-рекорд со пенал елиминацијата во Катар

Објавено

на

Шпанската фудбалска репрезентација го заврши настапот на СП во Катар со елиминација уште во осминафиналето, а таквиот епилог донесе лавина критики на адреса на селекторот Луис Енрике.

И додека Енрике допрва ќе го решава својот статус со одговорните во федерацијата, Шпанците уште вчера поставија мундијалски анти-рекорд.

За „фуријата“ ова е четврта елиминација по изведувања пенали во историјата на СП, нешто што и се нема случено на ниту една репрезентација, а притоа првпат во историјата, Шпанците против Мароко не реализираа ниту еден пенал.

Елиминацијата во осминафинале на пенали е исто сценарио од претходното СП (2018), кога за Шпанија не реализираа Коке и Аспас, а единствената победа на пенали датира од 2002 година кога во пенал рулет беше совладана Ирска. Дури и тој засега единствен триумф не донесе позначаен успех, бидејќи во следната рунда повторно на пенали беа елиминирани од Јужна Кореја.

Репрезентации кои се најуспешни на пенали на светските првенства се Германија и Аргентина (четири победи), само Германците имаат перфектен скор, а „гаучосите“ една од тие четири победи ја остварија против Југославија на СП 1990.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни