Шпанија
Шпанците открија каква порака имал Димитриевски за Винисиус пред пеналот за Реал (Видео)
Столе Димитриевски се најде во прв план на 10 минути пред крајот на дербито меѓу Валенсија и Реал Мадрид, пред се поради тоа што иницираше еден дуел кој заврши со инцидент поради лошото однесување на Винисиус Жуниор.
Бразилецот одговори агресивно и заработи црвен картон на „Месталја“, а откако дисциплинската комисија реши да му додели суспензија од два меча, Шпанците решија да откријат и една конверзација меѓу Столе и Вини од стартот на вториот дел.
Реал Мадрид доби пенал по стартот на Тарега над Мбапе, па иако топката првично ја зема Винисиус, на крајот ударот од 11 метри го изведе Белингам.
Ексклузивната програма на „Ел Чирингито“ рано утрово откри Столе во свој стил се обидел да го деконцентрира Вини, па дури ги обелодени и зборовите кои му ги испратил на напаѓачот на Реал.
– Ти ќе шутираш, или не? Не се осмелуваш да шутираш……., – му порачал Димитриевски на Винисиус, пред Бразилецот да ја предаде топката на Џуд.
Цела оваа епизода резултираше со удар на Англичанецот во дирекот од голот кој го брани Димитриевски, а 25 минути подоцна следеше и инцидентот по кој Винисиус заврши на предвремено туширање.
❌ “NO TE ATREVES A TIRAR”.
🗣️ Dimitrievski, a Vinicius, antes del penalti lanzado por Bellingham.
🚨 EXCLUSIVA de @MarcosdVicente. pic.twitter.com/kJdBv8TuDx
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) January 8, 2025
-
Светски првенства16 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија15 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП14 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија13 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Шпанија24 часа
Чаби Алонсо: Времето минува, но мојата врска со Реал останува незаборавна
-
Репрезентација4 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал