Поврзете се со нас

Шпанија

Шпанците открија каква конверзација имале Симеоне и Куртоа на теренот (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Големото мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал вчера беше прекинато на 20-тина минути пред крајот, па иако истото се доигра, по последниот судиски свиреж најмногу се зборува за пеколната атмосфера на „Метрополитано“.

Најрадикалните навивачи на Атлетико го истурија гневот по примениот гол и почнаа да фрлаат предмети кон Тибо Куртоа, а откако Белгиецот почна да ги додава работите до главниот судија, овој реши да ги испрати играчите во соблекувалните.

Чоло Симеоне, Коке и Хименез мораа да ги смируваат жестоките навивачите на Атлетико кои беа зад голот на Реал во обид да се доигра мечот, но тренерот на Атлетико ја подели вината и посочи дека истата е обострана.

Симеоне побара напаѓачите да бидат казнети и да не доаѓаат веќе на стадионот, но на пресот посочи дека казна треба да добие и голманот на Реал.

Диего смета дека Куртоа ги испровоцирал навивачите на Атлетико со своите гестикулации и со ироничното смеење по голот на Милитао, а Шпанците открија како течела и нивната конверзација во моментите кога Чоло евидентно му замеруваше уште на теренот.

Симеоне барал од Куртоа да не глуми жртва и да остане на теренот, по што пристигнал одговорот од Белгиецот.

– Што сакаш да направам? Зарема да останам таму после се што фрлаат кон мене? Ако толку сакаш, спремен сум да останам, – му возвратил Куртоа на Симеоне.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни