Поврзете се со нас

Европски првенства

Шпанците не ставиле „вето“ на дуел со Косово, УЕФА нема да дозволи пет соочувања

Објавено

на

Шпанската фудбалска федерација не се решила да го исклучи дуелот со Косово во квалификациите за Европското првенство, со што двете селекции се потенцијални противници во уште еден дипломатски тензичен двомеч.

Шпанија не го признава Косово, па последните дуели во Севилја и Приштина донесоа одредени дипломатски превирања, но натпреварите минаа без никакви проблеми, што веројатно е и причина Шпанците да не бараат од УЕФА спречување на евентуален двомеч.

Затоа Шпанија повторно побарала да не биде во иста група со Гибралтар, додека УЕФА ќе исклучи уште четири можни соочувања.

Косово нема да може да биде во иста група со Србија и Босна и Херцовина, Ерменија нема да се соочи со Азербејџан, а во иста група нема да бидат и Украина и Белорусија.

Ждрепката за ЕП 2024 е закажана за 9. октомври, а Македонија ја очекува од четвртиот шешир.

Македонија ќе биде во четвртиот шешир на ждрепката за ЕП во 2024 година

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни