Поврзете се со нас

Европски првенства

Шпанците конечно ставија крај на црната серија, Германија пак испиша негативна историја

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Шпанија го доби трилер мечот со Германија и го грабна првиот билет за полуфиналната фаза на Европското првенство.

Шпанците успеаа да го елиминираа домаќиниот на турнирот по +120 минути игра во Штутгарт и тоа со погодок во самата завршница на резервистот Мерино. Фудбалерот на Реал Сосиедад погоди во 119 минута за 2-1 и со тоа ги остави Германците без доволно време да одговорат, да пробаат да го однесат натпреварот на пенали.

Со овој триумф „црвената фурија“ конечно стави крај на црната серија, застрашувачката традиција за нив според која досега немаше триумф против ниту еден домаќин на големо натпреварување, Европски или Светско првенство.

Се тргна од СП во 1934 година и траеше се до вечерва.

Застрашувачка традиција: Шпанија никогаш не го победила домаќинот на ЕП и СП

Кога е пак во прашање Германија, таа стана прв домаќин на ЕП кој бил елиминиран во четвртфиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни