Поврзете се со нас

Шпанија

Шпанците издадоа налог за апсење на Рубиалес

Објавено

на

Foto:twitter.com/rfef

Луис Рубиалес беше суспендиран од претседателската функција во шпанската Федерација по скандалот кој го режираше со Јени Ермосо, но познатиот фудбалски работник вечерва стана топ тема во својата земја и поради специјалната полициска акција која беше спроведена во неговата родна земја.

Специјална единица од шпанската полиција денеска приведе седум лица од фудбалската Федерација за кои се сомничи дека помогнале во низа нерегуларности при работењето, а главен фокус на истрагата е договорената соработка со саудиските милијардери за организацијата на Суперкупот.

Истрагата изнела на виделина низа сомнителни операции и седум важни вработени во Федерацијата веќе се на распит, а шпанското обвинителство оваа вечер издаде наредба за апсење на Луис Рубиалес.

Поранешниот прв човек на Федерацијата не бил приведен ова попладне само поради тоа што не се наоѓа на територија на Шпанија, па медиумите веќе открија дека тој веќе извесно време престојувал во Доминиканска Република, па дури и добија изјава од него.

– Целосно сум изненаден од цела оепрација. Веќе неколку месеци работам во Доминиканска Република и моето семејство требаше да пристигне тука за заедно да го прославиме Велигден. Изненаден сум од вестите кои пристигнуваат од Шпанија, – изјавил Рубиалес.

Како што информираат медиумите, Шпанија и Доминикана немаа постигнато договор за екстрадиција, па Рубиалес ќе биде приведен само ако доброволно се врати во својата земја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни