Шпанија
Шпанците го открија гестот поради кој Ханси Флик доби црвен картон (Видео)
Барселона одново испушти два бода на натпревар на кој се чинеше дека го добива, а тоа беше двоен удар за Ханси Флик кој мораше да ги гледа последните половина час од трибините на „Бенито Виламарин“.
Германецот беше неспокоен од вип просториите на трибината во ситуација кога Барселона имаше предност од 1:2, но најболниот удар пристигна во 94-та минута.
Диао израмни на 2:2 и казни уште една лоша реакција во одбрната на Барселона, која претходно направи и пенал во 65-та минута.
Токму одлуката на судијата Руиз да покаже на белата точка му донесе големи проблеми на Ханси Флик, кој за првпат во Шпанија доби и црвен картон.
По натпреварот, Ханси порача дека такво нешто не му се случило никогаш во кариерата, а бидејќи неговата реакција не се виде во телевизискиот пренос, шпанските емисии сега открија за што станува збор.
Во дадената ситуација се работи за обичен гест и одмавнување со рака, па може слободно да се каже дека главниот судија реши да тренира строгост и непотребно го испрати Германецот на трибините.
A Hansi Flick le han sacado roja por esto.
Es para volverse completamente loco. pic.twitter.com/fXy8v8bjCT
— nen (fan) (@FCB_nenn) December 9, 2024
-
АТП15 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Италија22 часа
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
АТП24 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Апелацискиот суд донесе пресуда за инцидентот на Винисиус со Димитриевски
-
АТП20 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
Англија11 часа
Мегваер посебно среќен за соиграчот кој доживеа понижување на „Олд Трафорд“: И јас минав низ истото
-
Шпанија14 часа
Анчелоти пронајде само една светла точка во болниот пораз од Барса
-
АТП21 час
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)