Поврзете се со нас

Шпанија

Шпанците го објавија конечниот список за ЕП, неочекувано отпадна фудбалер на Барселона

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте денеска го објави конечниот список со кој „фуријата“ ќе настапува на ЕП 2024, а со него направи и неколку изненадувања.

Меѓу 26 фудбалери кои ќе бидат во комбинација не се најде големиот талент на Барселона, дефанзивецот Пау Кубарси, кој имаше одлична сезона, но очигледно не успеа да го импресионира и селекторот.

Во средниот ред место на ЕП не обезбедија Алекс Гарсија од Џирона и Маркос Љоренте од Атлетико Мадрид, а мало изненадување е што во составот се најде Ајозе Перез од Бетис.

Голмани, Симот, Раја, Ремиро

Одбрана: Вивијан, Карвахал, Навас, Лапорт, Ле Норманд, Начо, Грималдо, Кукурелја

Среден ред: Родри, Зубименди, Руиз, Мерино, Педри, Баена, Лопез

Напад: Мората, Хоселу, Торес, Ојарзабал, Олмо, Вилијамс, Јамал, Перез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни