Поврзете се со нас

Шпанија

Шпанците делегираа „Ел Класико“ судија кој носи половичен успех за Реал и Барса (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Шпанскиот судиски комитет денеска ги делегираше арбитрите за претстојното 11-то коло во Ла Лига, а сосема очекувано, во фокусот на јавноста се најде името кое ќе ја дели правдата на „Сантијаго Бернабеу“.

Во сабота во ударниот вечерен термин од 21:00 часот се игра големото „Ел Класико“ дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона, па во секоја стандардна најава за овој натпревар, доста важна тема е и кој ќе биде главен судија.

Овојпат таа задача ќе ја има судијата од Мурсија, Хосе Марија Санчес Мартинес, за кого ова ќе биде дури седмо учество на најголемото фудбалско дерби во Шпанија.

Санчес Мартинес ја започна својата „Ел Класико“ авантура во 2017-та година кога Реал Мадрид славеше во Суперкупот со 2:0, а потоа следните три пати и донесе среќа на Барселона која славеше со 3:0, 5:1 и 3:0, двапати во Ла Лига и еднаш во Купот.

Последните искуства на Санчес Мартинес сепак беа малку подобри за Реал Мадрид, бидејќи натпреварите во 2022-ра и 2023-та завршија со победа на „кралевите“ од 2:1 и 3:1.

Во седмиот „Ел Класико“ натпревар на Санчес Мартинес, двата великани влегуваат со половичен успех од три победи и три порази, а навистина интересно е тоа што ниеден меч досега не завршил нерешено.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни