Поврзете се со нас

НБА

„Шоу-тајм“: Дурант и пријателите ја изрежираа акцијата на сезоната во НБА лигата (Видео)

Објавено

на

Бруклин на спектакуларен начин го заврши регуларниот дел од сезоната во НБА лигата и сега ќе чека квалификант од плеј-инот за првата рунда во плеј-офот, бидејќи како второпласиран тим на Истокот, Нетси ќе играат со еден од тимовите кои допрва ќе треба да се најдат во разигрувањето.

Ѕвездениот состав на Стив Неш веќе извесно време доставува сериозна кандидатура за шампионската титула, а во последниот меч од регуларната сезона, ја изрежираа акцијата на сезоната во најсилната кошаркарска лига во светот.

Бруклин го победи Кливленд со 123:109 на домашен терен, но акцијата во која учествуваа дури четворица играчи ги крена на нозе НБА фановите.

Блејк Грифин ја стартуваше акцијата со лудо и атрактивно додавање, Кајри Ирвинг го проигра Мајк Џејмс, а овој од табла го проигра Кевин Дурант кој на најдобар можен начин ја заврши „Ол-стар“ акцијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни