Поврзете се со нас

Шпанија

Шоу на Наташа: Андонова погоди во стилот на Меси, но прослави како Роналдо (Видео)

Објавено

на

Женскиот тим на Леванте пропушти да стигне до четврта победа во низа во домашното првенство, но Наташа Андонова продолжи со своите игри и денеска постигна фантастичен гол во ремито на тимот од Валенсија.

Леванте е сигурен на второто место на табелата зад неприкосновената Барселона, но за жал ова попладне не успеа да слави иако имаше водство до самата завршница.

Македонската репрезентативка постигна фантастичен гол, а интересно е тоа што погоди со пласиран удар во стилот на Меси, а прослави како Кристијано Роналдо.

Овој погодок на Македонката му донесе водство на Леванте во првиот дел, но Еспањол успеа да израмни на девет минути пред крајот и се избори за реми од 1:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни