Поврзете се со нас

НБА

Шоу на Леброн за нова победа на Лејкерс, Далас не знае да слави кога Дончиќ нема свој ден (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс забележа уште една победа во пресметките со Сан Антонио Спарс и тоа на негов терен во Тексас.

Популарните „езерџиите“ славеа со 143-138 во меч во кој свое шоу имаше ветеранот Леброн Џејмс. Во отсуство на Ентони Дејвис улогата на прв поентер ја презема „кралот“ кој реализираше 39 поени на кои додаде 11 скока и 3 асистенции.

Најголема поддршка му беше Шродер со 21 поен, а двоцифрени беа уште четворица играчи.

Ова за Лејкерс беше петта победа на последните шест натпревари што е показател дека екипата се крева по лошиот старт на сезоната. Кога е во праша Спарс прва виолина беше Џонсон со 26 поени.

Далас Маверикс продолжува со катастрофалните партии на гостински терен, па така најновиот пораз дојде до Торонто Репторс со 105-100. Ова за Далас беше шести негативен резулат на седумте натпревари во оваа сезона одиграни надвор од „Американ Ерлајнс Центарот“.

„Рептилите“ имаа тројца супер расположени играчи и тоа Ануноби (26), ВанВлит (26) и Буше (22), додека најфикасен на спротивната страна беше Дончиќ со 24 поени.

Меѓутоа ова е под просекот на Лука, па така во оваа кампања кога тој нема да уфрли најмалку 25 кошеви неговиот тим сигурно губи (0-4).

Во првите четири сезона на плејмејкерот, Далас имаше учинок 53-54 (победи/порази) кога Дончиќ имаше помалку од 25 поени.

Останати резултати:

Феникс-Јута 113-112

Хјустон-Оклахома 118-105

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни