Поврзете се со нас

НБА

Шоу на Дончиќ и Ирвинг: Кој сега се смее? (ВИДЕО)

Објавено

на

Фото: twitter.com/dallasmavs

Далас Маверикс не згреши и го одбрани домашниот терен во пресметката со Јута Џез која ја доби со 113:97.

Во прв план беше Лука Дончиќ кој беше автор на 34 поени на кои придодаде 9 скока, 8 асистенции и 4 украдени топки. Воедно Словенецот директно учествуваше во најатрактивните потези во натпреварот, па така во првата ситуација одигра одбрана по што ја испрати топката до Ирвинг кој го проигра Џоунс Џуниор за страшна атракција и ерупција на трибините.

Во втората ситуација Лука беше директен асистент, испрати висока топка до Кајри кој летна високо и заби со што донесе големи реакции во „Американ Ерлајнс Центарот“.

-Пред неколку недели моите соиграчи ми се смееја кога им реков да ми дадет топка цепелини, но погодете кој сега се смее, -порача Ирвинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни