Поврзете се со нас

Лига Европа

Шоу на Ди Марија во Нант, Јувентус обезбеди осминафинале во ЛЕ (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Јувентус обезбеди пласман во осминафиналето на Лига Европа и тоа откако вечерва убедливо го совлада Нант со 3-0.

Играч на натпреварот беше искусниот Анхел Ди Марија кој имаше свое шоу на овој меч со хет-трик. Таа своја супер партија ја најави уште во 5 минута кога постигна фантастичен гол за водство на „бјанконерите“.

Во 18 минута домаќините останаа со играч помалку, а потоа Ди Марија го реализираше пеналот по што стана јасно во кој правец оди оваа средба. До крајот ветаранот погоди уште еднаш за потврда за одличното издание и пласманот на Јуве во наредната фаза.

Таму е и Спортинг кој го уништи Митјиланд со 4-0 на негов терен, додека ПСВ и покрај славјето над Севилја од 2-0 беше елиминиран од ЛЕ затоа што пред една седмица загуби со 3-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни