Поврзете се со нас

Светски првенства

Шоштариќ им подготвува необична „замка“ на Унгарците: Ги испратив на најмрсните ќебапи во градот (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/mario.sostaric24

Понеделник е ден предвиден за одмор на Светското ракометно првенство, а во пресрет на нокаут фазата која следи на шампионатот, сите најдобри осум селекции се подготвуваат за четвртфиналето.

Хрватска со вчерашната победа над Словенија обезбеди место во топ 8 и ќе игра во завршната фаза на мундијалот, но што е уште поважно, во четвртфиналето доби противник по мерка со оглед на жестоката конкуренција која ја има во оваа етапа од турнирот.

Хрватите на домашен терен во Загреб ќе играат против Унгарија, а Марио Шоштариќ на новинарите им открил дека им подготвил и необична „замка“ на противниците.

Бидејќи е долгогодишен соиграч со Бенс Банхиди во Пик Сегед, хрватскиот репрезентативец откри дека морал да даде и неколку препораки за добри ресторани во Загреб, а како што открива самиот, ги испратил Унгарците на место каде ги прават најмрсните ќебапи.

– Се слушнав со Банхиди пред натпреварот со Словенија. Среќни се што се во Загреб, а јас како домаќин морав да им препорачам и неколку ресторани. Тие се доста гладни, па ги испратив кадешто прават најмрсни ќебапи во градот.

– Да се најадат што е можно подобро, па потоа потешко да трчаат на теренот. Тие знаат каде доаѓаат, знаат дека ќе им биде пеколно во Загреб. Миклер се врати, мотивирани се и сакаат да играат полуфинале, но ќе им биде тешко против домаќинот, – порачува Шоштариќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни