Поврзете се со нас

Свет

Шортс со одлично издание во победата на Париз (ВИДЕО)

Објавено

на

Американскиот плејмејкер со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс имаше уште едно добро издание во дресот на Париз, овојпат во првата француска лига.

Париз сакаше да им се врати на победите во домашниот шампионат и успеа во таа цел и тоа на гостувањето кај Метрополитан 92, предизвик кој го положи со резултат 93:77.

Фаворитот имаше одлична прва и последна четвртина, периоди кои ги доби со двоцифрена разлика што се покажа како пресудно за 13. славје во 20 натпревар.

Шортс постигна 14 поени, но собра и 2 скока и забележа 8 асистенции.

Ти-Џеј и другарите се на 4. место во шампионатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни