Поврзете се со нас

Свет

Шортс со маестрална партија донесе голем пресврт и победа на Париз во француското дерби

Објавено

на

foto:x.com/leparisiensport

Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс со маестрална партија му донесе победа на Париз над Асвел (111:96) во дерби средбата од 19. коло во првата француска лига.

Гостите одиграа неверојатно прво полувреме, НБА полувреме во кое за 20 минути постигнаа дури 64 поени (64:49), но тоа темпо не го задржаа во вториот дел во кој пак блескаа домаќините пред во во третиот период во кој дадоа 38 кошеви со што ја избришаа предноста на противникот, го преземаа водството и го сочуваа до самиот крај.

Во фокусот беше неверојатниот Шортс кој на крајот имаше 42 индексни поени, односно постигна 30 поени со 12 асистенции и 5 скока. Најголема поддршка му беше Хифи со 25 кошеви.

Кај поразените лидер беше центарот Ловерњ со 18 поени.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни